Шпанска „Марка“ објавува дека Кејлор Навас сака да го напушти Реал Мадрид.

Репрезентативец на Костарика, според пишувањата на медиумиот, сака да добие стандардно место во првиот состав во новиот клуб.

Минатата сезона Кејлор Навас одигра 21 натпревар за Реал Мадрид, а неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2020 година.

Вредноста на голманот на фудбалскиот пазар се проценува на 10 милиони евра.