Бразилецот Нејмар со сигирност ќе го напушти ПСЖ, релациите не им се добри, нетрпеливоста расте, разделбата е извесна работа.

Нејмар сака да се врати во Барселона, ова го тврди „Марка“ која се повика на свои извори од клубот. Репрезентативецот на Бразил  прави се на Барселона да и ги олесни преговирте со шампионот на Франција, многу веројатно е дека ќе се сложи и на помала плата само да се врати во Шпанија.

Драмата околу Нејмар продолжува, тој се фокусира на тренинзи, од Браселона знаат дека ова ќе биде „сапунска опера“  и дека преговорите ќе бидат тешки и долги, целта е Нејамр да се врати „дома“, желбата е на двете страни, ПСЖ е во средината, секако и милионите.