Мартин Одегард наскоро ќе стане нов член на Баер Леверкузен, ова го тврди „Марка“ престижниот Шпански весник. Спред информациите на овој извор, Реал „чудото од дете“ ќе го даде на позајмица.

Норвешката ТВ станица  „ТВ2“  потврди дека Одегард со неговиот татко вчера пристигнал во Леверкузен, извесно е дека следната сезона ќе игра во Бундеслигата, се чека само официјализирање на трансферот.

Одегард на 16 годишна возраст од Норвешка се пресели во Шпанија како најголем талент во Европа, Реал Мадрид плати 3,5 милиони евра  и веднаш го позајми на Витесе каде запиша 39 настапи , постигна 11 голови и 12 пати асистираше.