Шпанските медиуми со денови пишуваат дека Зинедин Зидан ќе си замине од Реал Мадрид на крајот на сезоната без разлика како ќе заврши моменталната трка за титулата во Ла Лига.

Истата информација денеска ја носи и Марка, која важи за медиум кој добро знае се за Реал Мадрид, а тврдат дека Зидан е психички и физички скршен, но и дека Рал има подготвено замена која веднаш ќе ја преземе позицјата.

Тоа би требало да биде легендарниот фудбалер и капитен на Реал Мадрид, Раул Гоназалез, кој сега е тренер на Реал Мадрид Кастиља, вториот тим на кралскиот клуб.

Раул и Кастиља овој викенд играат меч во кој би можеле да направат чекор кон враќање во професионалниот фудбал, дури девет догодини од последниот пласман на Кастиља во повисок ранг.

На половина од оваа сезона имаше понуда и од Шалке, исто така негов поранешен клуб, за кој играше две години откако го напушти Мадрид, но ги одби за да остане во главниот град на Шпанија. Сега е фаворит за клупата на клубот каде долги години беше капитен.