Навивачите на Барселона се во неверување по последната најава на „Марка“ која тврди дека преговорите со Лионел Меси за нов договор не само што се во надолна линија, туку и дека станува невозможно да се најде заеднички јазик.

По најавата дека Меси е подготовен да прифати нов договор за двојно помалата плата и соработа на пет години, од „Марка“ пренесуваат дека се случил пресврт, односно дека речиси е невозможно двете страни да се договорат.

Ова значи дека Меси сепак нема да се врати на „Камп Ноу“ откако му истече договорот на 1 јули, во моментов е на одмор а неговите агенти сега ќе можат да работат на негов ангажман во друг клуб, во игра е ПСЖ.