Реал Мадрид вербално се договорил со младиот Ван де Бек за трансфер на „Сантијаго Бернабе“ ова лето откако преговорите со Погба застанале, тврди Марка. Манчестер Јунајтед бара за Погба 200 милиони евра а Перез и Зидан сметале дека тоа е преголема сума за репрезентативецот на Франција.

Младиот репрезентативец на Холандија, Ван де Бек се согласил да потпише повеќегодишен договор со Реал Мадрид но сега останува „кралевите“ да најдат заеднички јазик со Ајакс.

Се прогнозира дека ова засилување Реал би го чинел од 60 до 70 милиони евра. Во меѓувреме од Ајакс излегоа со став дека не сакаат да го продаат Бек, барем не ова лето во кое останаа без Де Јонг и без Де Лихт.