Престижниот спортски весник „Марка“  тврди дека Реал Мадрид најдоцна за две недели ќе потпише договор со Пол Погба од Јунајтед.

Пол Погба пред две недели изјави дека е време за нови предизвици, во Мадрид по брза постапка се работи да го доведат во Реал. Францускиот репрезентативец,  ќе биде последното засилување за „кралевите“ во овој преоден рок тврди „Марка“ .

Зинедин Зидан го посакува Погба, Реал досега потроши 300 милиони евра за засилувања, Погба е последниот играч кој му недостасува на тренерот на Реал во составување на супер тим, тврди престижниот шпански весник, Реал за него ќе мора да плати околу 200 милиони.