Реал Мадрид и Карим Бензема ќе ја продолжат соработката до 2023 година, ова го тврди престижната „Марка“ според која преговорите се во завршна фаза.

Бензема има договор со „кралевите“ до 2021 година, Реал сака продолжување на соработката и преговорите се при крај на взаемно задоволство.

Французинот едноставно има голема желба да продолжи со Реал Мадрид, во овој клуб дојде во јули, 2009 година, запиша 323 настапи и постигна 157 голови.

Бензема во декември ќе наполни 32 години, сака кариерата да ја заврши во Мадрид.