Јувентус и Кристијано Роналдо моментално се наоѓаат во многу незгодна ситуација за двете страни. Сезоната се ближи кон крајо, а со неа ќе дојде и почетокот на преодниот рок, а Ронално и италијанскиот шампион не знаат дали ќе ја продолжат соработката.

Веќе неколку дена италијанските медиуми пишуваат дека Роналдо сигурно нема да остане во клубот ако Јувентус не обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

„Роналдо бара начин на крајот на сезоната да побегне од Јувентус, а како најдобра опција го гледа Реал Мадрид. Се фрлил пред нозе на Перез барајќи враќање, но со самиот спомен од таа работа јасно е враќањето не е возможно. Се ќе остане само на желбата на Роналдо“- пишува Марка во својот текст.

Последниов период се огласија низа новинари кои се сметаат за експерти за трансфери и велат дека речиси постигнат консензус за иднината на Роналдо. Ако навистина го напушти Јувентус ова лето, тогаш би преминал само во Манчестер Сити или ПСЖ, ниту еден друг клуб не е опција.

Манчестер Јунајтед засега не му ја затвора вратата, но ПСЖ се чини како невозможна опција затоа што под договор ги има Нејмар и Килијан Мбапе.