Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез нема да потпише договор со италијанскиот првак Јувентус, објави шпанскиот весник „Марка“ повикувајќи се на каталонското радио „Рац1“.

Според истиот извор, фудбалерот на Барселона ја отфрлил опцијата да замине во Торино, и покрај тоа што веќе ги договори условите со „старата дама“ околу личните примања и должината на договорот.

Причина за ваквата одлука на Суарез е тоа што ако Уругваецот направи трансфер нема навреме да ја добие потребната документација и нема да може да игра во групната фаза во Лигата на шампиони.

„Марка“ пишува дека намерата на Суарез да ја напушти Барселона останува и пред Уругваецот сега се други опции за разгледување.

„Во секој случај сапунската опера продолжува“, констатира „Марка“.