Најчитаниот шпански весник објави дека Барселона договорила се околу доаѓањето на играчот кој Роналд Куман сакаше да го доведе уште минатиот преоден рок.

Тогаш Мемфис Депај не можеше да дојде поради преголемата сума која требаше Барселона да ја плати. Меѓутоа, за еден месец од сега Депај  е слободен, па доаѓа без никаква отштета, а Марка дознава дека поради инсистирањето на Барселона и Роналд Куман, можно е Депај да прифати трансфер во Барселона.

Куман уште кога дојде во Барселона минатото лето ултимативно го бараше Депај. Во неговата визија на новата Барселона тој е клучен играч, со кој тимот повторно би дожиевала напредок.