Барселона го победи Гетафе во последното коло во Ла Лига, во составот го немаше Меси кој не е во комбинација и за средбата со Интер, во среда, од Лигата на шампионите.

Шпанска „Марка“ тврди дека во клубот владее хаос, како доказ за тоа е изјавата на Пике кој го критикуваше начинот на комуникација на раководството на клубот со играчите, тоа не се прави преку нарачани текстови во медиумите.

„Кога двајца не сакаат да се расправаат тогаш нема ни расправа. Знаеме каков клуб е Барселона, какви односи има со медиумите, знаеме кој пишува во корист на клубот и кога нема потпис од авторот. Не сакаме расправии со никого, наша цел е да бидеме што подобри на теренот, не сакаме разговори за работи кои и не се случиле“ – изјави Пике.

Барселона во среда го пречекува Интер во Лигата на шампионите, Меси е повреден, екипата не е во најдобра форма.