Повеќе од јасно е дека Пол Погба сака да направи транфер во Реал Мадрид и да соработува со Зинедин Зидан но ова најверојатно ќе се случи во летниот преоден рок, тврди „Марка“.

Зидан прво ќе мора да се ослободи со дел од играчите кои не ги планита во составот како што се Мариано Диаз и Брахим Диаз и да размисли што ќе прави со Феде Валверде кој игра одлично во оваа сезона.

Погба ќе го чини Реал Мадрид 150 милиони евра и 17 милиони евра по сезона за плата што може да го надмине лимитот за Финансискиот фер плеј.

Поради ова репрезентативецот на Франција најверојатно ќе биде приморан да остане во Манчестер Јунајтед од крајот на сезона а во летниот преоден рок да чека повик од „Кралевите“.