Јувентус долги девет години доминираше во Италија, но ситуацијата по се изгледа се промени, лани Интер беше шампион, а годинава Јувентус стартуваше доста слабо.

Поранешниот италијански репрезентативец, Клаудио Маркизио верува дека Јувентус во моментов заостанува зад Милан.

Маркизио е легенда на старата дама и според него Јувентус ќе мора да поработи за да се врати на шампионското ново.

„Милан сега е посилен од Јувентус. Малдини, Масара и Пиоли направија одлична работа за да го обноват тимот кој беше во проблеми со години. Како клуб, Милан заслужи такво враќање, со оглед на неговата богата историја. Почетокот во Лигата на шампионите не им беше лесен бидејќи Ливерпул е тежок противник, но убеден сум дека овој тим на Милан ќе направи некои добри работи“– вели Маркизио.