Младиот и перспективен Марко Георгиевски, е во завршни преговори со Вождовац од Србија, ќе ја смени клупската средина.

Георгиевски е играч кој има 19 години, минатата сезона одигра одлично со Борец  од Велес  кој се врати во прволигашката конкуренција, постигна 15 голови на патот на тимот од Велес кон враќање во најсилната фудбалска конкуренција.

За Георгиевски работат истите менаџери на Трајковски и Нестровски и се очекува наскоро официјализирање на потписот со Вождовац.