Академија Пандев од денеска има нов играч кој ќе конкурира за позициите во нападот. По неочекуваната рана елиминација во квалификациите за Лига Европа, Тренчовски се насочува кон подигнувањето на квалитетот во екипата која се подготвува за новата сезона во ПМФЛ.

„Марко Рајковиќ е најновото засилување за Академија Пандев. Напаѓачот кој минатата сезона настапуваше за ФК Силекс, денес потпиша професионален договор и ќе ги брани боите на нашиот клуб. Му посакуваме успешна сезона и многу постигнати голови. Во наредните денови се очекуваат уште неколку засилувања за новата сезона.“ – информираат од Академија Пандев.