Играчот на Борусија Дортмунд Марко Ројс e прогласен за играч на годината во Германија според спортските новинари во оваа земја.
Ова е негово второ признание, откако претходно истото го доби во 2012 година, како фудбалер на Борусија Менхенгладбах.
Ројс минатата сезона на 36 натпревари во Бундеслигата постигна 21 гола и имаше 13 асистенции.Признанието го доби пред Каи Хавертс од Баер Леверкузен и Џошуа Кимих од Баерн Минхен кои завршија на второто и третото место.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е прогласен за тренер на годината
Comments are closed for this post.