Фудбалерот на Пиза, Микеле Маркони доби суспензија од 10 натпревари за навреда на расна основа против играчот на Киево, Џоел Оби, во натпревар од Серија Б (2:2), објави „Фудбал Италија“.
Инцидентот се случил на 22 декември минатата година. По првото рочиште во март, Маркони беше прогласен за невин, но потоа се појавија нови докази, што доведе до промена на одлуката.

Киево претходно издаде соопштение во кое тврди дека Маркони во разговорот со Оби спомнал за „бунт на робовите“. Ова го потврди и самиот нигерискиот фудбалер кој настапува за клубот Верона.
Оваа одлука не треба да изненади многу , знаејќи ја политиката на УЕФА и нејзините најостри санкции кога е расизмот во прашање.

После оваа долга суспензија на фудбалерот на Пиза нема да му текне повторно да направи ваква глупост.