Генералниот менаџер на Интер, Бепе Марота во изјава за „GazzettadelloSport“ вели дека напаѓачот Лаутаро Мартинез ужива кај Интер.

Аргентинецот блеска во дресот на клубот од Милано, со 13 голови е еден од најдобрите поединци во екипата која е лидер во калчо лигата.

Марота вели дека ниту еден играч не може засекогаш да остане во клубот, Лаутаро игра одлично и можеби фудбалскта берза ќе го натера Интер на продажба.

„На Лаутаро му е убаво во Интер, се чувствува комфорно и игра одлично, сепак фудбалската берза е непредвидлива, Аргентинецот ги знае правилата, понуди има, но засега не размислуваме на ништо друго освен на головите кои од него ги очекуваме“ – изјави Марота.

Дел од медиумите во Италија изјавата на Марота за трансфер пазарот ги натера да шпекулираат дека Интер не би одбил добра понуда за Лаутаро кој е под со клубот од Милано до 2023 година.