Директорот на Интер, Бепе Марота смета дека промените на календарот во калчо лигата можат да влијаат на епилогот во шампионатот.

Последната промена, дербито Јувентус – Интер да се игра пред крајот на сезоната значи ритам на натпревари кои го менуваат календарот и ќе влијаат во борбата за титулата.

„Одлуката на ФИГЦ од денеска загрижува, донесена е доцна, и ова ќе влија врз расплетот во борбата за титулата“ – изјави Марота.

Како граѓанин на Италија сум загрижен за здравјето на сите, како предводник на клуб сум загрижен за начинот на кој се носат одлуките во краток период и без консултации, потенцираше Марота во изјава за „ Sky Sport Italia“.