Бепе Марота сака да му ја расипе работата на Јувентус околу Ромелу Лукаку , спортскиот директор преку смс порака му порачал на Дибала, дојди во Интер.

Јувентус го понуди Дибала  и соодветна сума на милиони евра за Ромелу Лукаку и се чини дека е пред потпис со репрезентативецот на Белгија. Марота долго преговараше со Јунајтед за Лукаку но не успеа да ги убеди Англичаните да ја спуштат цената под 80 милиони евра.

Сега, спортскиот директор на Интер сака да ја расипе зделката на Јувентус, му понудил на Дибала да дојде во Интер, контактирал со Аргентинецот  кој засега нема желба да го напушти Торино. Дибала е клучен фактор за доаѓањето на Лукаку во Јувентус.

Интер е во очајнички обиди да донесе  напаѓач откако стана јасно дека Икарди не сака да го продолжи престојот во Милано.