Интер, наводно, влезе во преговори со Лацио за играчот од средниот ред  Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој на „Меаца“ би требало да пристигне во летниот трансфер период.

Србинот повторно игра во својата препознатлива форма, откако минатата сезона доживеја пад на истата.

Генералниот директор на Интер, Бепе Марота започнал  разговори со агентон на Савиќ во обид да го убеди играчот од средниот ред на Лацио да потпише за „Нероѕурите“ во текот на летото.

Марота веќе некое време е фан на 24-годишниот играч, кој се обиде да го доведе и во Јувентус додека беше спортски директор во тимот од Торино.

Претседателот на Лацио, Лотито за Србинот бара 80.милиони евра, а покрај Интер за него интерес пројавуваат и ПСЖ и Челси.