Плејмејкерот на Интер, Марсел Брозовиќ ќе мора да му објасни на Конте зошто пиел алкохол а дополнително и како можел по тоа да вози и да предизвика нов скандал.

Во време кога Интер се соочува со низа критики поради формата, Брозовиќ го привлекува вниманието со неговото несовесно однесување.

Според „Кориере Дело Спорт“, во саботата рано наутро бил стопиран од полиција, било утврдено дека има повеќе од дозволеното количество на алкохол во себе и веднаш му била одземена возачката дозвола.

Ова може да влијае по одлуката на Конте за тоа дали Брозовиќ ќе игра утре против Торино.