Фудбалерот на Реал, Марсело, во февруари е сопрен поради надминување на брзината. Тој место со дозволените 120 возел со 134 км/час.

Тоа се случи во близина на фудбалската база на Реал, а полицијата немала милост за славниот фудбалер.

Згора на се, Марсело возел без дозвола. Имено, според законот во Шпанија, на секој фудбалер му се даваат одредени бодови, според возачкиот стаж. Од тие поени при секој прекршок се одзема по некој, па кога ќе се стигне до нулата се смета дека возачката веќе не е валидна и се оди на специјални курсеви.

На суд, Марсело беше казнет со 350 евра за секој ден од престанокот на важноста на неговата дозвола, па вкупната пресудена казна е 105000 евра.