Ентони Марсијал се очекува да биде во составот на Манчестер Јунајтед за неделното дерби против Ливерпул во рамки на Премиерлигата.

Французинот се врати на тренинзите и доколку не се случи очекувано, французинот треба да истрча на „Олд Трафорд“ макар и влегол од клупата за резервни фудбалери. Марсијал го повреди бутниот мускул уште во август, а Манчестер јунајтед без него не личи на себе во фазата на нападот.

На последните осум средби тимот има постигнато само пет голови и забележа две победи, четири ремија и два порази.