Мартин Одегард дефинитивно ќе биде нов играч на Арсенал, ова го тврдат медиумите од Англија и Шпанија.

Норвежанецот е на чекор од Арсенал, преговорите на релација Реал Мадрид и Арсенал се во завршна фаза.

Одегард не е задоволен од минутажата во Реал, сака да игра повеќе, на Микел Артета му е потребен млад играч кој сака да се докажува, го најде во во името на Норвежанецот.

Мината сезона Одегард одигра добро за Сосиедад, запиша седум гола на што придодаде шест асистенции, но не се наметна кај Зинедин Зидан.