Роберто Мартинез го продоли договорот со Фудбалскиот сојуз на Белгија и ќе остане на селекторската позиција на оваа земја до 2022 година, заклучно со Мундјалот во Катар.

Шпанецот на клупата на „црвените ѓаволи“ е од 2016 година, а најголем успех направи на СП во Русија каде Белгија го освои третото место. Неговиот договор завршуваше по ЕП 2020 година, но откако истото е одлоено Белгијците ја продолжија соработката на уште две години.

Белгија со Мартинез како селектор се квалификуваа на престојното ЕП со максимален број победи во групата, а на на континенталниот собир ќе играат со Данска, Финска и Русија.