Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез е загрижен за менталното здравје на Еден Азар кој повторно се повреди и не е во конкуренција за настап за Реал Мадрид за овој викенд.

„Не ме загрижува тоа што подолго време не е во ритам. Загрижен сум поради недостатокот на среќа кој му е главен проблем во моментов. Сите треба да биде загрижени за Азар затоа што го познаваме и ќе биде лошо ако не побара помош во овој период.“ – изјави Мартинез.

Азар го повреди мускулот но се уште нема потврда за тоа колку долго ќе отсуствува од тимот на Зидан.