Претседателот на Бреша, Масимо Челино, го кажа своето мислење кога може да се очекува продолжувањето на сезоната во Серија „А“.

Според најоптимистичката варијанта, првенството може да продолжи во првата недела на мај, но и тогаш ќе се игра без навивачи. Можеме да ја поднесеме штетата. Треба на играчите да им се даде одмор од 25 дена и со тренинзите да се почне од 15 април, за да го завршиме првенството во мај или во јуни. Но, ако ситуацијата стане полоша, тогаш ќе изгубиме премногу време“, изјави Челино за Goal.com

Серија „А“ е во прекин, а многу од клубовите во карантин.