Корпулентниот централен дефанзивец, Марио Маслаќ од денеска е нов играч на Академија Пандев.

„Академија Пандев денес договори соработка со Марио Маслаќ, кој ќе ја засили позицијата централен дефанзивец. Маслаќ минатата сезона настапуваше за ФК Беласица. Му посакуваме успешна сезона и добри настапи за нашиот сениорски тим.“ – соопштија од Академија Пандев.

Вчера од струмичкиот прволигаш по тврдија и договорот со Марко Рајковиќ кој треба да донесе свежина во напаѓачката линија.