Челниците на Премиер лигата потврдија дека се е подготвено за употребата на ВАР системот откако 20 клубови учесници ја инсталирале опремата и тестовите минале успешно.

„Потрошивме две години за да се подготвиме за ова што не очекува. Сите тестови минаа добро и со нетрпение го очекуваме првото коло. Чуствувам дека че има контроверзни ситуации но посакувам навивачите да имаат разбирање. – изјави Ричард Матерс, генералниот директор на Премиер лигата.

Оваа новина наидува на позитивни критики од учесниците на најсилната фудбалска лига во Англија иако има и такви кои сеуште се противат на модерното решение со кое на судиите им се олеснува работата во спорните моменти од натпреварите.

Новата сезона во Премиер лигата ќе започне со мечот на Ливерпул и на Норвич на 9 август.