11 тима се сигурно патници во елиминационата фаза од Лигата на шампионите, слободни остануваат уште седум места, за кои ќе има голема битка во последното коло. Без пролет во Лигата на шампионите може да остане и една Барселона.

Еве како стојат состојбите во сите групи пред последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Во групата А сигурно на првата позиција е Манчестер Сити после вчерашната победа на има 12 бода и сигурно завршува прв во групата, сигурен во осминафиналето е и ПСЖ, кој ќе заврши на втората позиција со 8 бода. Останува неизвесно кој ќе патува во Лигата на Европа, за таа позиција се борат Лајпциг и Клуб Бриж, кои имаат по четири бода.

Во групата Б Ливерпул со максимални 15 бода сигурен на првата позиција е Ливерпул, но вистинска битка е за втората, Порто има пет бода на таа посакувана позиција, додека на третото и четвртото место се Атлетико Мадрид и Милан со по четири бода. Дерби како финале имаат во последното коло Атлетико и Порто, додека пак Милан игра против Ливерпул, кој влегува без резултатски имератив во последното коло и ќе чека евентуално реми од другиот меч за да се надева на пласман во елиминациите.

Работите целосно се јасни во групата Ц. Таму Ајакс со максимални 15 бода е сигурно прв, со девет бода сигурно втор е Спортинг, со шест бода сигурно трета Борусија Дортмунд, додека со нула бодови на дното е Бешикташ.

И во групата Д јасно е кој ќе патува во следната фаза во двете натпреварувања. Реал Мадрид со 12 бода и Интер со 10 се сигурни во осминафиналето, а играат меѓусебен дуел за првата позиција, Шерид со шест бода е сигурен патник во Лигата на Европа, додека Шахтјор го завршува својот настап во групите со само еден бод по пет кола.

Во групата Е, Баерн со максилни 15 бода е прв, на втората позиција е Барселона со седум бода, која ќе мора да победи против Баварците доколку сака пласман во следната фаза. Кикс на Каталонците пак ќе чека Бенфика, која во тој случај со победа над Динамо Киев, кој има само еден бод би биле втори.

Во групата Ф, Манчестер Јунајтед е сигурно прв со 10 бода, за втората позиција пак во директен дуел ќе борат Виљареал и Аталанта, кои се на втората со седум, односно шест бода, додека пак Јанг Бојс треба да чека пораз на Аталанта, па со победа на Манчестер Јунајтед да дојде до пласман во Лигата на Европа.

Вистинска драма не очекува во групата Г, таму секој може да се игра во осминафиналето. Прв е Лил со осум бода, втор е Салцбург со седум, шест има Севиља, пет Волфсбург. Во последното коло Салцбург ја пречекува Севиља, а Лил гостува кај Волфсбург.

Околу патниците во следната фаза се е познато и во групата Х. Челзи и Јувентус со по 12 бода се на првата позиција, Зенит со четири сигурен е во Лигата на Европа, додека настапите во фазата по групи ги завршува Малме. Непознаница е само кој ќе биде прв на табелата, но Челзи има се во свои раце, доколку победат против Зенит во последното коло, тогаш се сигурно први, евентуален кикс значи дека Јувентус со победа над Малме би бил прв.