Медиумите од Англија, Шпанија  и Италија тврдат дека Матео Ковачиќ останува во Челзи кој се договорил да ја комплетира позајмицата од Реал Мадрид.

Челзи според  медиумите од овие земји се согласил да ја плати отштетата од 50 милиони евра која Реал Мадрид ја бара за репрезентативецот на Хрватска. Ковачиќ ги одбил Интер  и Милан, се согласил да остане во Англија.

Репрезентативецот на Хрватска во 2015 година од Интер прејде во Реал за 31 милион евра и стана најскапиот играч на оваа земја, претходно Лука Модриќ во 2012 година од Тотенхем замина кај Реал за 30 милиони евра.

Сега Матео Ковачиќ со овој трансфер ќе го собори сопствениот но и Хрватски рекорд, официјално до недела, репрезентативецот на „коцкестите“ ќе ги договри и личните услови.