Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус ги анализираше шансите на Баерн против Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Матеус смета Баерн ќе обезбеди пласман во полуфиналето поради изворедната форма на Левандовски, за Меси изјави дека ќе биде запрен.

„Меси ќе се соочи со најдобриот фудбалер на светот, Роберт Левандовски. Мислам дека Левандовски е неприкосновен сезонава и тој ќе му обезбеди прогрес на Баерн Минхен во следната рунда на Лигата на шампионите.  Оваа Барселона не е истата како во минатото, го имаат Меси, но тој сам нема да може да направи многу против Баерн“ –  изјави Матеус за „Билд“.