Матијас Де Лихт со приватен авион  вчера пристигна на аеродромот во Торино,  Јувентус на својот Твитер профил објави видео од неговото пристигнување.

Со ова завршува трансфер сагата на еден од најперспективните  и најскапите дефанзивци на светот во моментов, Де Лихт е нов  играч на Јувентус за трансфер вреден 75 милиони евра  и заштитна откупна клаузула од 150 милиони.

„Поздрав Бханконери. Ја сум Матијас Де Лихт и многу ми  драго што сум тука“ – рече Де Лихт по излегувањето од авионот.

Јувентус  и Ајакс не преговараа долго, шампионот на Холандија се сложи на 75 милиони евра обештетување без бонуси, со ова 19. годишниот Де Лихт станува најскап  дефанзивен играч во Европа.