Српскиот интернационалец, Немања Матиќ ја потврди шпекулацијата од пред неколку недели кога островските медиуми информираа дека Хари Мегваер бил казнет поради недолично однесување во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед.

„Да точно е дека беше казнет. Причината за тоа беше тоа што хари реши да го земе неговиот мобилен телефон во теретаната. Тоа е проблем за што му кажав. По неколку дена повторно го направи истото, по што му реков, Хари, жалам но важна е дисциплината во нашиот тим а ти ги прекрши правилата. Не смее да се касни на тренинг, телефонот не може да се користи секаде. Тешко им е да се адаптираат на овие правила, мислан на неколкумина нови играчи но мора да внимаваме на се.“ – изјави Немања Матиќ.

Мегваер во Јунајтед пристигна во 2019 година од Лестер за 78.3 милиони фунти и брзо после ова ја доби и капитенската лента од Солскјер.