Немања Матиќ нема да го дочека крајот на сезоната во Премиер лигата во дресот на Манчестер Јунајтед.

Репрезентативецот на Србија, го загуби чекорот со Мектоминеј, Фред и Переира а со враќањето на Погба по повредата дефинитивно нема да има место за него во составот на Солскјер.

Менаџерот на Јунајтед планира да го купи Лонгстаф од Њукасл во зимскиот преоден рок а потоа ќе му дозволи на Матиќ да го напушти „Олд Трафорд“.

Матиќ има договор со „Ѓаволите“ до јуни 2020 година а интерес за неговите услуги има од Италија, конкретно од Интер и Јувентус.