Српскиот фудбалер Немања Матиќ денеска изјави дека копнее да  освои трофеј со Манчестер Јунајтед.

„Очајно сакам конечно да го освојам трофејот со Јунајтед“, рече Матиќ за клупската веб-страница.

Изјавата на Матиќ доаѓа еден ден откако Јунајтед се пласираше во финалето на Лигата на Европа, каде ќе игра против Виљaреал.

„Мислам дека е многу важно да се игра финале, бидејќи кога играте за Манчестер јунајтед, секогаш мора да се натпреварувате за трофеи“, рече Матиќ.

“Очекуваме многу тешка игра. Виљареал е одличен тим со одличен тренер, затоа мора да бидеме сконцентрирани од првата до последната минута, за да покажеме карактер и истрајност во таа игра. Не е доволно само да се играат финалиња , мора да го вратиме трофејот на „Олд Трафорд“  , додаде тој.

Матиќ дојде во Јунајтед во 2017 година од Челси, но оттогаш тимот од Манчестер нема освоено ниту еден трофеј.

“Не очекував да чекам толку долго, но сега имаме шанса да го освоиме. Нема да биде лесно, но се надевам дека ќе бидеме среќни на крајот од тој натпревар и се надевам дека конечно ќе го подигнеме трофеј “, рече Матиќ.