Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Немања Матиќ ќе објави крај на својата репрентативна кариера и во иднина повеќе нема да игра за Србија.

Како што јавуваат дел од белградските медиуми, Матиќ  иако е на репрезентативниот  список за натпреварите на Србија против Русија и Турција во Лигата на нации, нема да го облече српскиот дрес.

Немања пресече и  нема повеќе да игра за репрезентацијата. Рече дека не е задоволен како некои работи се решаваат во Феерацијата. Директорот на Федерацијата Владимир Матијашевиќ се обидувал да го разубеди, но Матиќ постојано повторувал дека му е доста од се и дека останува на своето“, изјави за „Информер“, извор близок до српката „Куќа на фудбалот“.