Она реми во Љубљана во март оваа година очигледно оставило силен впечаток кај Словенија. Утрешниот меч на „Тодор Проески“ противникот на Македонија го очекува со голема почит но и со желба за победа.

„Не полетавме на време но се консолидиравме и се надевам дека работите ќе се одвиваат како што треба. Екипата е подготвена, јас очекувам добар натпревар. За да победиме ќе мора да бидеме најдобри што можеме. Поразите се составен дел од спортот но ние дојдовме по бодови во Скопје. На Словенија и се потребни подготвени и мотивирани играчи и тоа на 120% за да ја победат Македонија.“ – изјави Матјаж Кек, селекторот на Словенија.

За дуелот со Македонија неизвесен за настап во составот на Словенија е стандарниот лев бек од Уфа, Бојан Јокиќ.