Играчот за врска на Јувентус, Блез Матуиди, ја потврди информацијата дека клубот реши да ја активира опцијата за продолжување на договорот за уште една сезона.

Останувам во Јувентус. Во мојот договор имаше опција за автоматско продолжување за уште една сезона и клубот ја искористи. Многу сум среќен што овде ќе бидам уште една година. Искрено, не се ни сомневав, затоа што овде чувствувам дека ми веруваат. Станувам постар и морам да мислам и на семејството, кое го сака Торино“.

За Матуиди беше сериозно заинтересиран Лион.