Маурицио Сари ужива во одморот по авантурата со Јувентус, има 62 години, договор со „старата дама“ до 2022 година која има обврска да му исплаќа плата, но се чини во јуни ќе преземе клуб од Серија А.

Според повеќе извори од Италија, Сари преговара со Фиорентина и Наполи. Иако клубот од Фиренца демантираше контакти со поранешниот тренер на Јувентус, сепак Сари и неговиот менаџер имале состанок со раководството на Фиорентина.

Втора, а можеби и прва опција е Наполи, Сари е желба на Аурелио Де Лаурентис, Гатузо е постојано под притисок, станува извесно дека поранешниот предводник на Јуве може да биде следен тренер на клубот од Неапол.