ПСЖ ја загуби првата осминафинална средба од Лигата на шампионите со екипта на Борусија, 1:2, одиграна на 18 февруари, но допрва се откриваат некои поединости од тој натпревар.

Според информацијата на A Bola, која пак се повикува на Soccerçink, аргентинскиот напаѓач на ПСЖ, Мауро Икарди, побесна кога разбра дека нема да биде дел од основниот состав на таа средба. Икарди во гнев искршил неколку столчиња, а на враќање во Париз не му зборувал на тренерот Томас Тухел, и одвај прозборе со своите соиграчи.

Икарди дојде во ПСЖ ова лето, како позајмен фудбалер на Интер. Во тековната сезона тој настапи на 18 средби во Лига 1 и постигна 11 гол1, а имаше и две асистенции. Од овие 18 средби, на 14 беше во основниот состав.

Неговиот договор со Интер е валиден до лето 2022 година.