Аргентинецот Мауро Икарди сезонава игра како позајмен фудбалер во ПСЖ, откако во Интер се испокара со соиграчите, со навивачите и со клупската управа.

На крајот на сезоната „Светците“ имаат можност да го откупат неговиот договор за сума од 70 милиони евра. Но, прашање е дали тоа ќе го сторат.

Имено, според пишувањето на Lekip, тој не е во добри односи со двете најголеми ѕвезди на клубот, Килиан Мбапе и Нејмар.

На Аргентинецот му смета што тие на натпреварите „не го гледаат“, не му подаваат. Против Ст. Етјен тој не доби ниту една топка од Французинот и од Бразилецот, додека тие меѓусебе разменија повеќе од 30 додавања. Освен тоа, тие скоро и да не зборуваат меѓусебе.

Икарди за ПСЖ настапи на 31 средба и постигна солидни 20 гола.