Килијан Мбапе сè уште не го продолжил договорот со ПСЖ, тој истекува следното лето, а „светците“ инсистираат да ја продолжат соработката, но францускиот репрезентативец засега е без одговор на понудата.

Парижаните инсистираат на нов договор, не жалат средства за тоа, но Мбапе сака нов предизвик и тоа во Шпанија, лично тој имал желба да потпише за Реал Мадрид.

Мбапе отсекогаш тврдел дека е навивач на Реал Мадрид, но доколку „кралевите“ го сакаат ова лето, ќе мора да исплатат најмалку 200 милиони евра за отштета.