Доаѓањето на Лионел Меси во Париз не успеа да го направи ПСЖ популарен меѓу фудбалските фанатици во Франција, а посебно тоа е поради главните ѕвезди на тимот>

Најмногу гнев навлече Килијан Мбапе, кој сакаше да замине во Реал Мадрид, потоа Меси кој одби да се ракува со тренерот Маурициот Пкетино, како и Нејмар кој се пресметуваше со противнички играч.

Бразилецот го бранеше Мбапе, кој претходно го провоцираше Укиџа и така предизвика и остра реакција на тренерот на Мец, Фредерик Антонети.

„Килијан Мбапе мора да научи подобро да се однесува ако сака луѓето да го сакаат. Го сакам тој играч, многу е силен, но би му било од корист кога би бил малку поскромен“- изјави Антонети.

Особено скромен можеше да биде по партијата во Мец. Угледниот „Л’Екип“ играта на Мбапе ја оцени со „тројка“, додека Ашраф Хакими доби „осумка“. Антонети тоа го објасни на свој начин.

„На овој натпревар, Мбапе не постоеше“.

Страшен тим има ПСЖ, со потенцијал да стане најомразениот во Европа.