Клубови од Шпанија и Англија силно притискаат да го доведат најдобриот млад фудбалер во светот, Килијан Мбапе, но засега тоа нема да се случи.

Како што пишува „Марка“ од Шпанија, шампионот на Франција, ПСЖ му соопштил на Мбапе дека засега нема да прифатат никава понуда.

Ова лето ќе биде извесно за Мбапе, тој нема да биде продаден и покрај несогласувањата со тренерот Тухел. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи му соопштил на Мбапе дека немаат никаква намера да прифатат  понуда од било кого.

Договорот на Мбапе со ПСЖ завршува во јуни 2022 година.