Екипата на ПСЖ по се изгледа ќе биде комплетна на реваншот со Манчестер Сити , односно најновите вести велат дека првата ѕвезда Килијан Мбапе ќе биде подготвен за дуелот во вторник.

Одличниот голгетер го пропушти саботниот дуел со Ленс, но во меѓувреме без поголеми проблеми одработе два индивидуални тренинзи во клупскиот комплекс.

„Оптимист сум околу Мбапе. Конечната одлука ќе ја донесеме пред мечот, но верувам дека тој ќе може да игра во Манчестер“, изјави тренерот Маурицио Покетино.

„Светците“ ќе бркаат негатива од 1-2 по првиот пораз во Париз, а Мбапе ќе мора да се покаже во далеку подобро светло од тој меч, кога не упати ниту еден удар кон голот на Едерсон.