Мауро Икарди е нов соиграч на Килијан Мбапе во ПСЖ, репрезентативецот на Франција го брани Аргентинецот кј летово го напушти Интер.

Многу често се зборува за карактерот на Икарди кој е темпераментен, сепак Мбапе смета дека Аргентинецот нема да има проблеми во Париз.

„Многумина го осудуваат, но никој не се обиде да го запознае како личност, тој е многу срамежлив, тивко влезе во соблекувалната и веднаш дава максимум за екипата. Јас ќе направам се брзо да се прилагоди во новата средина и да ни помегне да освоиме се оваа сезона“ – изјави Мбапе.