Првиот обид на францускиот првак ПСЖ да го продолжи договорот со Килиан Мбапе пропадна.

Информацијата вечерва ја објави угледниот париски весник Л Екип, наведувајќи дека меѓу двете страни има разединување, без да навлегува во детаљи.

Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, а спортскиот дирекрот Леонардо вложува максимални напори да го задржи францускиот напаѓач.

Францускиот весник додава дека преговорите меѓу двете страни се уште во почетна фаза, а исходот будно го следат Реал Мадрид, но и Ливерпул.